По повод 100 години од создавањето на македонскиот фронт односно Дојрански позиции, ЗГОР 25Мина приготвувајќи соодветен проект и во соработка со одделението за локален економски развој при општина Богданци, ја подготвува оваа изложба.
На изложбата ќе бидат презентирани главните одбрамбени позиции на централните сили кои биле присутни на ова подрачје (Бугарија и Германија), позиции кои се протегале источно од реката Вардат до Дојранско Езеро.
За ова се обезбедени поголем број на фотографии и карти, како и автентични артефакти кои потекнуваат од самата линија на фронтот а тоа се различните пушки. бајонети, бомби, куршуми и друго.
Првично се планираше изложбата да биде отворена за време на панаѓурот во Стојаково, истата поради обемот на работата е одложена за Септември 2015 година.
Во прилог дел од изложените фотографии и артефакти.