Културно Историски Верски и Спортски Рекреативен Центар 25 МИНА

       Височинка  Чука се наѓа јужно од Стојаково покрај самиот пат кој води од Стојаково за Селемни, до самото плато има пат. Кога ќе се качите на платото од височинката, чуствата се испомешуват на југ Грција во пескрај на север Македонија. Височинка со прекрасен поглед на околината глетка која може само природата да ја создаде.Можеби ова беше доволно, но се постави прашањето што понатаму? На предлог на Никола Шелдаров а  со подршка на Мите Пеев, Перо Каракабако, Насо Каракабаков, Дине Капсаров, Стојанчо Воданов и отец Крсте Наков се одлучи на месноста викана Чука да се изгради црква а околината урбано се уреди и претвори во КИЛТУРНО ИСТОРИСКИ ВЕРСКИ И СПОРСКИ РЕАКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР 25 МИНА.

         Зошто токмо височинка и месноста викана Чука, бидејки самата височика има голема своја историја:

  1. На 12-02-1904 на самата височинка се водила голема и нерамноправна битка помеѓу комитите составени од четите на Станиш Наков и Дељо Калачот кој биле вкупно на број 25 мина двујцата војводи и тројца души од селската милиција од Стојаково, фкупно на број 30 борци се Македонци.При пробивот на обрачот во вечерните часови тројца комити ги дадоа своите животи борејки се за својата идеја за слободна Македонија. Во чес на ова битка месното население и испеал песна за хероите.
  2. Десетина години по овој настан се случи големата војна(првата светска војна) на истата височинка поради гестртешката позиција Чуката од страна на Германците и Бугарите беше претворена во не освоива трдина на која беа изградени голем број на бункери и ископани многу ровови. Тука Бугарите се задржале скоро три години.
  3. Околината на Чуката и дел од самата Чука од дамнешни времиње била користена за одгледување на винова лоза и денеска виновата лоза е присутна на секаде околу Чуката.Можеби ова беше и повот на предлог на Никола Шелдаров црквата што ќе ја градиме на платото од Чуката да го носи името на Св. мач. Трифун, познат како светец заштитник на лозарите и виновата лоза.

          Бидејки самата височинка има голема историја за нас беше доволно од ова да направиме приказна бидејки ваквите приказните и најлесно се продават. Наша цел од овој простор наречен  КИЛТУРНО ИСТОРИСКИ ВЕРСКИ И СПОРСКИ РЕАКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР 25 МИНА, направиме брент преку кој ѓе биде Стојаково препознатлив и да создадеме простор за одмор на душата, собирање и сплотување на сите стојачани кој живеат овде или барем деството го поминале во Стојаково. Ова веѓе го правиме така здружението на граѓани 25 МИНА во чес на Св. мач. Трифун секоја година одржува манифестација која е посетена од стојачани но и голем број на посетители од поблиските населени места.

 1

2

4

3

1__11091158_10204046645312094_217826296_n

2__11084594_10204046645152090_668994652_n

3__11084534_10204046510828732_1590710288_n                                                                                                  Никола Шелдаров

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *