ЗАПИСНИК бр. 2. Никола Шелдаров
СОСТАНОК НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР СО СЛЕДНИОТ ДНЕВЕН РЕД
- ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОСЛАВА ПО ПОВОД 150 ГОД. ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ СВ. МАЧ. НЕДЕЛА ВО СТОЈАКОВО
- БАРАЊЕ ЗА КАСАРНАТА КОЈА БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО КАПЕЛА СО ГРОБИШТА
- ЧУКАТА КАКО ЗНАЧАЈНО МЕСТО ЗА СТОЈАКОВО И НЕЈЗИНО ПРЕТВАРАЊЕ ВО ИЗЛЕТНИЧКО МЕСТО
Стојаково, 24.04.2012 год.
Од страна на Никола Шелдаров беше образложено зошто е историски мошне значајна Чуката. На 12.02.1904 год. на Чуката се водела голема битка помеѓу многубројниот турски аскер и четите на Станиш Наков, костурски војвода и Дело Калачов, војвода од Богданци, како и тројца претставници на селската милиција од Стојаково вкупно на број 30 се млади комити македонци, од кои тројца души во оваа нерамномерна битка ги дале и своите животи за Македонија. Добро ми било во чест на загинатите комити да се подигне мала црква и просторот урбано да се уреди. Таму и денес можат да се видат остатоци од Првата Светска Војна (бункерите, рововите, разни делови од оружје). Од страна на Стојанчо Воданов беше предложено пошумување на Чуката од страна на еколошкото друштво од Стојаково.
Во организација на ЗГОР 25 МИНА од Стојаково и со финансиска поддршка од општина Богданци во непосредна близина на Стојаково на месноста викана голема Чука на 14.02.2015 год. по трет пат се одржа манифестацијата посветена во чест на Св. Мач. Трифун. На самото плато во тек е и изградба на црква посветена на Св. Мач. Трифун. Зошто токму тука ? Самата височина изобилува со историја како од Османлискиот период така и од Првата Светска Војна. Исто така самата околина околу Чуката е насадена со лозови насади, а Св. Мач. Трифун е познат меѓу лозарите како заштитник на лозјата и лозарите. По овој повод беше организирана и мала забава, а сите присутни беа понудени со гравче збогатен со ребра и алкохолни и безалкохолни пијалоци. На самата манифестација присуствува поголема група на граѓани како од Стојаково така и од околните населени места. За разлика од претходните две години оваа година беше забележано поголемо присуство на младинци. Манифестацијата продолжи и траеше до вечерните часови. Весело и забавно на истата беше и за чист понеделник, 23.02.2015 год. За сите присутни се делеше посно гравче.