Соопштение 14-02-2015

Соопштение

 

На ден 14.02.2015 год. на местото викано Чука која се наоѓа на патот од Стојаково за Селемлија се наоѓа најсветото место во државата посветен на Св. мач. Трифун. По повод денот на Св. мач. Трифун и Св. Валентин на платото покрај самата црква ќе се одржи сеопшта народна веселба. За оние кои сакаат на најдобар начин да го почувствуваат духот на Св. мач. Трифун и спојот помеѓу виното и љубовта најдобро место секако е местото Чука и манастирската црква посветена на Св. мач. Трифун. За ова да биде како што треба обезбедена е богата забавна програма и ручек за сите присутни. Прославата ја организира ЗГОР 25 МИНА од Стојаково со помош на општина Богданци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *