Прослава по повод 150 години од изградбата на црквата “Св. Вмч Недела” во Стојаково

ЗАПИСНИК бр. 1. Никола Шелдаров

 

СРЕДБА СО МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ Г-ДИН АГАТАНГЕЛ ВО ЦРКВАТА СВ. МАЧ. НЕДЕЛА ВО СТОЈАКОВО НА ТРЕТ ДЕН ВЕЛИГДЕН 2012 год.

Стојаково, 18.04.2012 год.

     По повод големиот христијански празник Воскресение Христово (Велигден) по обичај на третиот ден во црквата Св. Мач. Недела во Стојаково гостин е Митрополитот Повардарски Г-дин Агатангел. Бидејќи ручекот помина во пријатна атмосфера и поголем дел од гостите си беа заминале, разговорите со Митрополитот продолжија исто така спонтано и мошне срдечно. Во ваква атмосфера од страна на Перо Каракабаков беше нагласено дека црквата Св. Мач. Недела прославува јубилеј 150 години од своето постоење. На ова се надоврза Никола Шелдаров укажувајќи на значењето на јубилејот, нагласувајќи дека за ваква пригода од голема важност би било доколку се поканат високи гости како што се Архиепископот Охридски и Македонски неговото блажество Г-динГ-дин Стефан, потоа Претседателот на државата Ѓорѓи Иванов, Премиерот Никола Груевски, Министерката за Kултура Елизабета Камчевска-Милевска. На оваа средба од страна на Мите Пеев беше покренето и прашањето со старата касарна и нејзино претварање во капела и гробишта. Од страна на Никола Шелдаров се постави прашањето за историско значење на височината Чука.

По ова се постигна договор за формирање на иницијативен одбор за реализација на овие предлози. Во иницијативниот одбор влегоа : Никола Шелдаров, Мите Пеев, Стојанчо Воданов, Перо Каракабаков, отец Крсте Наков.

 

ЗАПИСНИК бр. 2. Никола Шелдаров

 

СОСТАНОК НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР СО СЛЕДНИОТ ДНЕВЕН РЕД

  1. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОСЛАВА ПО ПОВОД 150 ГОД. ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ СВ. МАЧ. НЕДЕЛА ВО СТОЈАКОВО
  2. БАРАЊЕ ЗА КАСАРНАТА КОЈА БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО КАПЕЛА СО ГРОБИШТА
  3. ЧУКАТА КАКО ЗНАЧАЈНО МЕСТО ЗА СТОЈАКОВО И НЕЈЗИНО ПРЕТВАРАЊЕ ВО ИЗЛЕТНИЧКО МЕСТО

Стојаково, 24.04.2012 год.

Од страна на Никола Шелдаров беше образложено зошто е историски мошне значајна Чуката. На 12.02.1904 год. на Чуката се водела голема битка помеѓу многубројниот турски аскер и четите на Станиш Наков, костурски војвода и Дело Калачов, војвода од Богданци, како и тројца претставници на селската милиција од Стојаково вкупно на број 30 се млади комити македонци, од кои тројца души во оваа нерамномерна битка ги дале и своите животи за Македонија. Добро ми било во чест на загинатите комити да се подигне мала црква и просторот урбано да се уреди. Таму и денес можат да се видат остатоци од Првата Светска Војна (бункерите, рововите, разни делови од оружје). Од страна на Стојанчо Воданов беше предложено пошумување на Чуката од страна на еколошкото друштво од Стојаково.

ЗАПИСНИК бр. 3. Никола Шелдаров

 

COCTAНОК НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР И МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ Г-ДИН АГАТАНГЕЛ

Стојаково, 20.06.2012 год.

После првичните разговори беше договорено иницијативниот одбор да го посети Митрополитот Повардарски Г-дин Агатангел. Лице за контакт беше одреден отец Крсте Наков, кој не извести дека средбата е договорена 20.06.2012 год. Иницијативниот одбор во состав Никола Шелдаров, Стојанчо Воданов, Перо Каракабаков и отец Крсте Наков на оваа дата во 11 часот отпатува за Велес во митрополијата. На оваа средба бевме лично примени од Митрополитот Повардарски Г-дин Агатангел. Тој во наше присуство се јави кај Архиепископот Охридски и Македонски Г-динГ-дин Стефан и му го образложи нашето барање при што беше договорено дека неговото блажество Г-динГ-дин Стефан не може да присуствува на оваа свеченост на ден 20.07.2012 год. кога е и панаѓурот во Стојаково, но затоа е слободен на третиот ден од панаѓурот 22.07.2012 год. Овој термин беше прифатен од наша страна. Беше договорено дека покрај јубилејот 150 год. Православен храм во Стојаково да се одбележи и јубилејот 45 год. Македонска Православна Црква. Исто така беше договорено дека покрај Архиепископот ќе бидат присутни и двајца митрополи и ќе одржат заедно литургија.

Сето ова од наша страна беше прифатено до одушевување и големо задоволство. Сите присутни од иницијативниот одбор се изјаснија дека за нас лично, но и за Стојаково претставува голема чест. Потоа се поведе разговор околу организацијата и беше договорено иницијативниот одбор да прерасне во организационен одбор и дека неговиот број треба да се зголеми. Беше договорено организациониот одбор да покани 50 гости, но исто така Митрополиот Повардарски Г-динГ-дин Стефан 50 гости. Од страна на иницијативниот одбор беше искажана подготвеност за вложување на максимални напори за успешна и безпрекорна организација.

 

ЗАПИСНИК бр. 4. Никола Шелдаров

 

СОСТАНОК НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР СО СЛЕДНИОТ ДНЕВЕН РЕД

  1. ИЗБОР НА ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР
  2. БАРАЊЕ НА СПОНЗОРИ ЗА ПОДОБРА ОРГАНИЗАЦИЈА

Стојаково, 21.06.2012 год.

Согласно предлогот иницијативниот одбор да прерасне во организационен одбор и предлогот и предлогот за зголемување на бројот на неговото членство во организациониот одбор покрај членовите на иницијативниот одбор беа додадени уште двајца членови, Насо Каракабаков и Дине Капсаров. Од страна на Мите Пеев беше предложено претседател на организацискиот одбор да биде Никола Шелдаров, од останатите предлогот беше едногласно прифатен. Така сега организациониот одбор за одбележување на 150 год. Православен храм во Стојаково и 45 год. Македонска Православна Црква ке функционира во следниот состав :

  1. Никола Шелдаров – претседател
  2. Мите Пеев
  3. Стојанчо Воданов
  4. Перо Каракабаков
  5. Крсте Наков
  6. Насо Каракабаков
  7. Дине Капсаров

На овој состанок беше покренато прашањето за финансиските трошоци околу организацијата на оваа прослава. Беше речено дека е неопходна финансиска поддршка за одржување на една ваква прослава. Мите Пеев јавно ја изрази својата подготвеност заедно со поддршката на пријателите Дине Капсаров и Насо Каракабаков, разликата или остатокот на трошоци што ќе останат непокриени од спонзорите лично да ја превземат со цел оваа прослава да се одржи. На овој состанок беше договорено дека на прославата треба да бидат повикани сите доктори на науки родум од Стојаково, поистакнати бизнисмени по потекло од Стојаково, како и поголем број на жители кој на некој начин придонеле за доброто на Стојаково. При тоа да се води сметка на секој жител на Стојаково кој има желба да присуствува на овој свеченчин да не му биде ускратена можноста.

На состанокот присутни беа: Никола Шелдаров, Стојанчо Воданов, Перо Каракабаков, Мите Пеев и отец Крсте Наков.

 

ЗАПИСНИК бр. 7. Никола Шелдаров

 

СОСТАНОК НА ОРГАНИЗАЦИОНИОТ ОДБОР И МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ Г-ДИН АГАТАНГЕЛ ВО МИТРОПОЛИЈАТА ВО ВЕЛЕС

  1. ПОДГОТОВКИ НА ПРОТОКОЛ ЗА ПРЕЧЕК НА ГОСТИ

Стојаково, 16.07.2012 год.

Пречекот на неговото блажество Архиепископот Охридски и Македонски да биде на средсело. Неговото блажество ќе биде во придружба со Митрополите ПовардарскиГ-дин Агатангел и БрегалничкиотГ-дин Илирион.

Беше договорено откако неговото блажество Г-динГ-дин Стефан, Митрополите Г-динАгатангел иГ-дин Илирион одржат литургија, да споделат со присутните почесен говор за значењето на јубилејот 150 год. Православен Храм во Стојаково, како и за 45 год. Македонска Православна Црква.

Се договоривме во трпезаријата се смести Архиепископот со неговата придружба како и организациониот одбор и повидни стојачани вкупно на број43. Втората група на гости требаше да се смести во тремот на црквата со број од 80 гости. Останатите 250 до 350 гости да бидат услужени на шведска маса каде за оваа потреба беа обезбедени неколку маси, фрижидери и се што е потребно за пречек на сите гости.

На состанокот присутни беа : Митрополитот Повардарски Г-дин Агатангел, Никола Шелдаров, Перо Каракабаков, Мите Пеев и отец Крсте Наков.

 

 

ЗАПИСНИК бр. 9. Никола Шелдаров

 

  1. ОД ПРЕЧЕКОТ НА НЕГОВОТО БЛАЖЕСТВО АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г-ДИНГ-ДИН СТЕФАН

Стојаково, 22.07.2012 год.

Беше договорено организациониот одбор да се состане во црквата во 7:30 часот. Бидејќи Г-динГ-дин Стефан се очекуваше да пристигне на средсело одборот некаде околу 8:15 беше веќе подготвен за пречек. Од кај црквата група од десеттина до дванаесет свештеника се упатија средсело. Меѓу одборот за пречек на средсело имаше една група на девојчиња облечени во народни носии кои требаше први да му посакаат добредојде на Архиепископот Г-динГ-дин Стефан. Некаде околу 8:30 часот неговото блажество Архиепископот Охридски и Македонски Г-динГ-дин Стефан во придружба на Митрополите Повардарски Г-дин Агатангел и Митрополитот Брегалнички Г-дин Илирион пристигнаа на средсело. По традиционалното добредојде со леб и сол од страна на девојчињата, добредојде на гостите им посака организациониот одбор, како и поголем број на стојачани кој се наоѓаа на средсело. Потоа групата на свештениците се упати кон црквата придружувајќи го неговото блажество пратен од свештениците со црковни песни, следен со поголема група на жители од Стојаково и околните населени места.

Некаде околу 10 часот пред портите на црквата пристигна и Министерката за Култура Елизабета Камчевска-Милевска.

По завршувањето на Литургијата неговото блажество одржа говор во кој го нагласи значењето на Православниот Храм Св. Мач. Недела, укажувајќи дека од Стојаково произлегле поголем број на свештеници.

Пред  самиот почеток на ручекот Никола Шелдаров во свое име и името на организациониот одбор од името на сите жители од Стојаково им се заблагодари на присутните гости, пред се на неговото блажество Архиепископот Охридски и Македонски Г-динГ-дин Стефан и Митрополитот Повардарски Агатангел, како и на Митрополитот Брегалнички Илирион, потоа на Министерката за Култура Елизабета Камчевска-Милевска, укажувајќи дека присуството на високите гости е посебна чест за жителите од Стојаково. После ручекот Д-р Митко Ќорнаков на високо ценетите гости им подари по една книга од последното негово творештво.

1

 

2

3

4

1

– Организациониот одбор во исчекување да дојде архиепископот Охридски и Македонски г-дин г-дин Стефан

од лево на десно стојат Никола Шелдаров, Стојанчо Воданов, Перо Каракабаков, Атанас Каракабаков, Мите Пеев, Константин Капсаров

 

 

 

2

 

– Претседателот на организациониор одбор Никола Шелдаров му посакува добредојде на г-дин г-дин Стефан

 

 

 

3

 

– Во придружба на поголем број свештени лица архиепископот Охридски Македонски се упатува од сред село кон црквата св. мач. Недела

 

 

 

4

 

– После одржаната литургија на архиепископот Охридски и Македонски г-дин г-дин Стефан со митрополитите Повардарски г-дин Агатангел и Брегалничкиот г-дин Иларион со дел од верниците кои присуствуваа на литургијата

 

 

 

5

 

– Како добри домаќини на добра трпеза со добрите гости

 

 

 

6

 

– Поздрав и благодарност до присутните гости од страна на претседателот на Организациониот Одбор Никола Шелдаров

 

 

 

7

 

– Д-р Митко Ќорнаков, дел од пристуните гости им подари книга од неговото последно творештво

 

Црква св. мач. Недела

Стојаково, 22.07.2012

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *