Поставени 15 метални контејнери

image_14

 

На Јавниот повик од Министерство за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој за доделување на средства за финансирање на проекти за развој  на селата, утврдени во Буџетот на Република Македонија за 2014година, општина Богданци аплицираше со Проектот:Набавка на контејнери за с.Стојаково, за кој и доби средства.

Со реализација на овој проект се надеваме дека во определена мерка ќе се надмине нотираниот проблем што во ова населено место скоро и да нема соодветни садови за одлагање на секојдневниот отпад. Продукцијата на се поголеми количини на ѓубре и во ова населено место налага обезбедување контејнери каде тоа соодветно ќе се фрла пред да биде однесено на депонијата. Проблемот е во секој случај сериозен бидејќи доаѓа до загрозување на животната средина, но ако се има во предвид фактот дека се работи за подрачје во кое е земјоделието основна грана за егзистенција загадувањето добива пошироко значење.

Целта ни е со обезбедување на контејнерите да ја сочуваме животната средина да ги задржиме незагадени почвата и подземните води и да се гордееме дека нашите земјоделски производи не само што се квалитетни туку и еколошки чисти.

Целна група се граѓаните од населено место Стојаково кои оправдано бараат подобрување на условите за живот со цел да ја соочуваат својата средина чиста и здрава.

Со проектот се набавија 15 метални контејнери кои соодветно денес беа распределени во с.Стојаково, и истите се поставија на локации во договор со месните власти.

image_16

One Comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *