Здружението на граѓани за одржување и развој 25 МИНА од Стојаково е формиран на ден 07.05.2013 година, кога беше одржана и констативната седница при што се формира и управен одбор кој брои 9 члена: Перо Каракабаков, Димитар Пеев, Атанас Каракабаков, Костадин Капсаров, Никола Шелдаров, Стојан Воданов, Глигор Масенчев, Лазар Шуклев, Илија Брљамов.
Од редовите на управниот избор избран е претседател-застапник, Никола Шелдаров.
Основна цел и задача на здружението е да ја помага и поттикнува активноста што е насочена кон задоволување на заедничките потреби и интересите на граѓаните од населеното место (Стојаково), во областа на уредувањето на населбата, вдомувањето и комуналните дејности.
- Покренува иницијатива за изградба на нови витални објекти,
- Организира прослави по повод определени верски и јубилејни празници со посебна карактеристика и специфика за населеното место,
- Поведува иницијатива за помаѓање на свои сограѓани,
- Поведува иницијатива за заштита на човековата околина,
- Дава иницијатива за активирање и одржување на селската традиција во областа на забавни-спортски игри, активирање на стари занаети, како и промовирање и развој на селскиот туризам во населеното место, републиката и странство