Почетна

stojakovo1

 

 

 

 

 

Стојаково е населба во

Општина Богданци

 

 

 

 

 

 

 

stoajkovo

Географиja и местоположба

Стојаково е сместено во Гевгелиско-Валандовската котлина.

Историja

Територијата на која лежи Стојаково била населена уште од античко време, а за тоа сведочат многубројните археолошки наоди пронајдени во негова близина. Првобитната локација на Стојаково се наоѓала крај месноста Шипков Дол, во близина на денешната населба. Старото име на оваа населба е Трнова. Но пред неколку векови со пустошењето на болеста чума, жителите на ова место биле принудени да ги напуштат своите родни огништа и да побараат ново место на кое ќе подигна нова населба. Местото на кое се населиле е всушност денешната територија на која се наоѓа Стојаково. Името Стојаково било дадено подоцна од причини што оваа населба се наоѓала на главниот пат, кој поврзувал важни региони (пат користен уште од антиката, БелградСолун) , па така тука во ановите останувале и отспивале голем број на трговци кои биле на пат. Првобитно бил нарекуван Стојакот (место каде што се останува, се стои, за подоцна да биде именувано како Стојаково, име кое и ден денес се користи).

Економија

Населението во Стојаково претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски ) пред се поради погодната топла клима и силните медитерански влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се произведува квалитетно вино и ракија.

Демографија

Според пописот од 2002 година, селото Стојаково брои 1.931 жител, од кои:

Општествени институции

Основното училиште „Св. Кирил и Методијј“

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

 

На 1 мај секоја година во Стојаково редовно се одржуваат Првомајските традиционални трки во повеќе дисциплини: Трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри (јуниори и сениори во машка и женска конкуренција), скокање со вреќи, трка со ролерки (почнувајки од 2007), трка на 3.000 метри, трка со велосипеди и влечење со јаже.

Личности

Родени во Стојаково
  • Димитар Ќорнаков (р. 1927) – историчар на уметноста;
  • Анѓел Пеев (р. 16 јули 1930) – македонски дигестивен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на Клиниката за дигестивна хирургија
  • Никола Шелдаров (р. 13 декември 1955) – археолог-нумизматичар
  • Антон Стојанов (? – 1903), македонски револуционер, деец на ВМОК;
  • Васил Тоциновски (р.1946), македонски научник и писател;
  • Стефан Мандалов (1875 – 1903), македонски револуционер, војвода на ВМОРО;
  • Христо Попов (1862-1933), правник и политичар;
Починати во Стојаково

Култура и спорт

Риболовно друштво “РИБОЛОВЕЦ”, Фудбалски клуб “ПРОЛЕТЕР”, ловечко друштво “ТИГАР”, спортско друштво “ЦИКО“.

Иселеништво